Свет ФБИ: 200 Американци заминале или сакале да заминат во ИД

ФБИ: 200 Американци заминале или сакале да заминат во ИД

Повеќе од 200 Американци отпатувале или се обиделе да заминат во Сирија за да се борат на страна на исламските милитанти, објави денеска шефот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Комеј.

– Продолжуваме со идентификување поединци што сакаат да се приклучат на странските борци… а, исто така, и на домашните екстремисти, кои би можеле да извршат напади во САД – рече Комеј пред сенатскиот одбор за тајни служби.