Македонија Фатени 296 граѓани што не носеле маски

Фатени 296 граѓани што не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија биле регистрирани 296 прекршоци на мерката за носење лична заштита, односно маска за лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19.