Свет Балкан Фатени 15 осомничени терористи во Турција

Фатени 15 осомничени терористи во Турција

Петнаесет осомничени членови на Исламска држава денеска се приведени во Измир и Истанбул, јави турската телевизија НТВ.

Полицијата извршила претреси во 15 домови и приведела 13 лица од Измир и двајца од Истанбул, а при рацијата се запленети документи на ИД и оружје.

Приведените се осомничени за терористичка дејност, учество во борбите во Сирија на страната на ИД, како и за испраќање на борци во Сирија.