Подглавна секција Фајзер: Вакцината против ковид е безбедна и ефикасна за децата од 5...

Фајзер: Вакцината против ковид е безбедна и ефикасна за децата од 5 до 11 години

Фото: Мета.мк

Фајзер и Бионтек денеска ги објавија резултатите кои покажуваат дека нивната вакцина против ковид-19 е безбедна за користење за децата од 5 до 11 години. Тестирањето опфатило две дози на вакцината од 10 микрограми, што е третина од дозата што им се дава на возрасните лица и на тинејџерите, објави Фајзер.

Компанијата објасни дека испитувањата покажале дека вакцината е безбедна, добро толерирана и покажала силна реакција на неутрализирачки антитела на пониски дози неопходни кај помалите деца, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Од Фајзер/Бионтек велат дека планираат наскоро да побараат одобрение за употреба на вакцини за помладата возрасна група.

Нивната вакцина против ковид-19 е единствена во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, како дозволена за да се користи за имунизација на населението на возраст помеѓу 12 и 18 години.