Свет Фабиус: Русија и Сирија да ги прекинат нападите врз цивилите

Фабиус: Русија и Сирија да ги прекинат нападите врз цивилите

Шефот на француската дипломатија, Лоран Фабиус, по средбата со претставникот на сириската опозиција, Раид Хијаб, во Париз истакна дека е потребно Сирија и Русија да ги прекинат операциите против цивилите.

– Повикуваме да се прекине опсадата на градовите за хуманитарната помош да стигне до тие на кои им е потребна. Побарав од нашиот постојан претставник на ОН да го консултира Советот за безбедност. Укажувам на одговорност на режимот, неколку недели пред почетокот на преговорите со опозицијата – рече Фабиус.