Спорт Ф1-возачот Бјанки излезе од кома

Ф1-возачот Бјанки излезе од кома

Возачот на Марусија при сударот заработи тешки повреди на черепот

Францускиот возач во Формула 1, Жил Бјанки, денеска излезе од кома седум недели откако имаше судир со едно од возилата за отстранување на болидите на патеката „Сузука“, за време на Ф1-трката што се одржа на почетокот на октомври. Бјанки од болницата во Јапонија бил пренесен во родната Франција.
Возачот на Марусија при сударот заработи тешки повреди на черепот и беше во кома 45 дена.
– Речиси седум недели по индицентот на Жил и првичните напори на лекарите да го спасат неговиот живот, среќни сме што можеме да соопштиме дека нашиот син забележа голем напредок во неговото закрепнување. Жил не е повеќе во вештачка кома, но и натаму е во несвест. Тој сега дише без помош од апарати и неговите витални знаци за живот се стабилни, иако неговота состојба сè уште може да се каже дека е критична – стои во соопштението на родителите на Бјанки, Филип и Кристин.