Свет Свет Европските санкции кон Русија продолжени до 31 јануари 2017 година

Европските санкции кон Русија продолжени до 31 јануари 2017 година

Европската Унија денеска го продолжи времетраењето на санкциите за Русија до 31 јануари 2017 година, откако утврди дека спогодбите од Минск, кои требаше да бидат имплементирани до 31 декември 2015 година, не се целосно спроведени.

Европската комисија денеска соопшти дека Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на економските санкции против определени сектори на руската економија. Санкциите беа воведени на 31 јули 2014 години, поради анексијата на Крим и поддршката на сепаратистичките проруски сили на истокот на Украина.

Санкциите првично беа воведени на една година, а потоа се продолжуваа на секои шест месеци. Нивното укинување истовремено се условува со целосно спроведување на спогодбите од Минск.