Свет Европа Европските лидери најавуваат одбрана на демократијата

Европските лидери најавуваат одбрана на демократијата

Европската унија порача дека ќе ја брани демократијата и толеранцијата и оти ќе се борат против тероризмот „на сите можни начини“ по тројниот напад во Брисел.

Во заедничкото соопштение, лидерите на ЕУ наведуваат дека нападите биле удар на „отвореното демократско општество“, изразувајќи солидарност со Белгија.

„ЕУ и нејзините членки се одлучни заедно да се соочат со заканата со сите неопходни средства. Последниот напад само ја зајакнува нашата решеност да ги браниме европските вредности и толеранцијата од напади од неистомисленици“, стои во соопштението.

Во соопштението се додава дека ЕУ ќе остане единствена и цврста во борбата против омразата, насилниот екстремизам и тероризам.

Две експлозии одекнале на аеродромот во Брисел, а набргу и трета на метро-станица во близина на зградата на Европската комисија, Европскиот совет и на Европскиот парламент.