Свет Европа Европскиот суд го поништи Законот за високо образование во Унгарија

Европскиот суд го поништи Законот за високо образование во Унгарија

Фото: Зградата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур | Фото: ц, Викимедија комонс, CC BY 3.0

Европскиот суд во Луксембург го прогласи за ништовен Законот за високо образование со кој се регулира работата на странските факултети во Унгарија. Судот утврдил дека унгарскиот закон ги крши договорите на Европската унија и повелбата на унијата за темелни права, како и одредбите на Светската трговска организација.

Во 2017 година унгарскиот парламент донесе закон кој пропишува дека издавањето факултетски дипломи подразбира постоење договор меѓу Унгарија и земјата во која е седиштето на високошколската установа. Освен тоа, универзитетот мора да нуди студии и во земјата од која потекнува.

Претходно, највисокиот суд на Европската унија утврди дека унгарската влада на Виктор Орбан врши притисок врз странските организации, а особено врз Фондацијата Централноевропски универзитет на американскиот милијардер Џорџ Сорос. За да ги испочитува унгарските закони, Универзитетот во 2019 година од Будимпешта се префрли во Виена. Во јуни Европскиот суд го поништи и законот за регулирање на работата на невладините организации во Унгарија.