Економија Европски суд: Да се укине ДДВ на трансакции во биткоини

Европски суд: Да се укине ДДВ на трансакции во биткоини

Интернет-замената на традиционалната валута со дигиталната виртуелна валута биткоин, треба дa биде изземена од данокот на потрошувачка, исто како и другите трансакции со пари, пресуди Европскиот суд на правдата.

Судот наведува дека биткоинот треба да биде третиран како средство за плаќање и дека како таков, е заштитен со директива на ЕУ.

Највисокиот европски суд донесе пресуда на барање на шведските даночни власти, кои побараа појаснување дали трансакциите во биткоини треба да бидат покриени со директивата на ЕУ за изземање на валутните трансакции од наплата на данок на додадена вредност.