Економија Европската комисија ја намали проекцијата за економскиот пораст на 2,1 отсто

Европската комисија ја намали проекцијата за економскиот пораст на 2,1 отсто

Европската комисија предвиде помал пораст за македонската економија и од 3,7 проценти ја намали на 2,1 отсто во есенската економска прогноза за земјите членки и за земјите кандидати за членство во Европската Унија.

Како причина за намалување на прогнозата се наведуваат поплавите и политичката криза.

Во првата половина на годината економијата имала забавен пораст, а се очекува подобрување по одржувањето на изборите на 11 декември.

Се очекува следната година порастот на производството да има основа во поглемите инвестициите и потрошувачка на домаќинствата, под услов политичката криза да заврши.

Европската комисија во овој извештај прогнозира дека јавниот долг ќе продолжи да се зголемува. Тој годинава изнесува 40,5 отсто, а во наредните две години ќе достигне 43 отсто.