Свет Европа Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск

Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, изјави дека ЕУ не ги признава изборите во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Сметам дека „претседателските и парламентарните избори“ во самопрогласените „народни републики“ на Доњецк и на Лугањск се нова пречка на патот кон мирот во Украина. Гласањето е нелегално и нелегитимно и Европската Унија нема да го признае истото. Овие „избори“ се одржаа спротивно на текстот и духот на протоколот од Минск, потпишан од страна на претставниците на трилатералната контакт-група и истите ги попречуваат напорите да се најде одржливо политичко решение за кризата – истакна Могерини.