Свет Европа Европратениците бараат укинување на субвенциите за одгледување бикови

Европратениците бараат укинување на субвенциите за одгледување бикови

Пратениците на ЕУ побараа денеска на фармерите во Шпанија и на југот на Фрнција, кои одгледуваат бикови за борби во арени, да им се одземе правото на средства од европските фондови поради „крвавиот спорт кој е суров и застарен“.

„Извојување од Заедничка земјоделска политика или други издвојувања од буџетот не треба да се користат за финансирање смртоносни кориди“, рекоа пратениците од Европскиот парламент во амандманот за буџетот на ЕУ за 2016 година.

Амандманот го поддржаа 438 пратеници, а 199 беа против. Активистите за заштита на животните го поздравија ваквиот чекор.

Бранителите на коридата велат дека станува збор за повеќевековна традиција која има големо значење за културата.
Пратениците, исто така, го отфрлија нацрт-законот кој би требало да им овозможи на државите да забранат одредена генетски модифицирана храна и храна за животни, дури и покрај согласноста на институциите на ЕУ. Против предлог-законот, кој го поднесе Европската комисија, гласа 579 пратеници од вкупно 751.