Македонија Евидентирани нови 884 ковид случаи и пет починати лица

Евидентирани нови 884 ковид случаи и пет починати лица

Фото: Luiz Paulo R Santos on Unsplash

Нови 884 случаи на ковид-19 евидентирал Институтот за јавно здравје, од направени 1.866 тестови. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 190 реинфекции, информира Министерството за здравство. Регистрирани сe 745 оздравени пациенти од ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“ регистрирани се уште четири починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, тројца се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во периодот од 29 јуни до 25 јули.

Досега во земјата се направени вкупно 2.114.405 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 5.026.