Македонија Евидентирани нови 165 ковид случаи, од нив 39 лица се реинфицирале

Евидентирани нови 165 ковид случаи, од нив 39 лица се реинфицирале

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава биле направени 1.088 тестови, а откриени 165 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 39 реинфекции, а регистрирани сe и 384 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се три починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70 до 78 години. Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 5 до 9 септември“, информираат во министерството.

Досега во земјава се направени вкупно 2.159.252 тестирања. Вкупната бројка на откриени случаи на ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 341.748, бројот на оздравени пациенти е 331.595, на починати е 9.515, а бројот на активни случаи изнесува 638.