Македонија Евидентирани 75 нови случаи на ковид

Евидентирани 75 нови случаи на ковид

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 887 тестови за ковид-19, 75 се позитивни. Од вкупниот број позитивни, евидентирани се 21 реинфекција. Оздравеле 99 пациенти.

Bо текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ во претходниот пеериод, исто така не се регистрирани починати лица.

Досега во земјава се направени вкупно 2.163.701 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.323, бројот на оздравени пациенти е 332.150, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649“, информираат во министерството.