Здравје Евидентирани 72 нови ковид-случаи од 772 тестирања

Евидентирани 72 нови ковид-случаи од 772 тестирања

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се осум реинфекции.

„Регистрирани сe и 35 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19, од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394.