Свет Европа Евакуирано седиштето на Социјалдемократската партија во Берлин

Евакуирано седиштето на Социјалдемократската партија во Берлин

Германската полиција денеска го евакуираше главното седиште на Социјалдемократската партија (СПД) во Берлин откако е пронајден сомнителен пакет во просторијата за прием на пошта, соопшти портпаролот на партијата.

Како што јавуваат локалните медиуми, вработените, како и високите партиски претставници, кои во моментот имале состанок за претстојните парламентарни избори, морале веднаш да ја напуштат зградата.

Во март годинава германските власти пресретнаа пакет во кој се наоѓала книга со скриена експлозивна направа, адресирана до министерот за финансии Волфганг Шојбле. Одговорноста тогаш ја презеде грчката екстремистичка организација „Заговор на огнените ќелии“.