Македонија Се утврдуваат причините за пожарот во битолскиот затвор

Се утврдуваат причините за пожарот во битолскиот затвор

Од Управата потвдрдија дека сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција

Илустрација / Фото: RODNAE Productions, Pexels

Во периодот околу 19 часот и 20 минути во КПУ Затвор Битола вчера избил пожар во притворското одделение, а надлежните истражни органи дополнително ќе ги  утврдуваат можните причинители за пожарот, информираше Управата за извршување на санкциите.

„Службените лица од  КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати пробале самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, пожарна и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран“, наведено е во соопштението од Управата.

Иако дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, нема повредени притворени и вработени лица од Установата.

Од Управата потвдрдија дека сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција.