Свет Евакуирани 92 објекти во Русија поради дојава за бомба

Евакуирани 92 објекти во Русија поради дојава за бомба

Повеќе од 15.000 лица во 92 објекти се евакуирани во текот на вчерашниот ден во шест руски градови поради закана за бомба.

– Во текот на вчерашниот ден примени се анонимни акани за бомба во Москва и градовите Петропавловск Камчатски, Анжеро Суџенск, Саратов, Ставропољ и Михаиловски. Полицијата морала да евакуира 15.300 лица од 92 објекти, за да се изврши проверка – соопшти претставник за агенцијата „Тас“.

Евакуирани се руската Дума, Московскиот државен универзитет, шопинг центри, здравствени установи, школи, автобуски станици, затвор и уште неколку објекти. Полицијата по претресите утврдила дека станува збор за лажни дојави, бидејќи не е пронајден ниту еден сомнителен пакет.