Свет Европа Евакуирани 500 луѓе од зграда во Стокхолм поради истекување на хемикалија

Евакуирани 500 луѓе од зграда во Стокхолм поради истекување на хемикалија

Од зграда во шведскиот главен град Стокхолм биле евакуирани 500 луѓе поради истекување на хемикалија, за која се претпоставува дека е експлозивна.

Службата за итна помош згрижила четири лица, кои се пожалиле на вртоглавица и на вкочанет врат.

Локалните медиуми објавија дека зградата, од која се евакуирани луѓето во квартот Солна, ја користеле Каролинскиот институт и Кралскиот институт за технологија, како и неколку приватни компании.

Според медиумите, истекувањето на хемикалијата почнало на седмиот кат, во лабораторија која ја користи неименувана биохемиска компанија.