Свет Европа Евакуирани 20.000 жители на Келн поради бомба

Евакуирани 20.000 жители на Келн поради бомба

Најмалку 20.000 жители на западниот германски град Келн се евакуирани од своите домови, по што властите пронашле бомба тешка 200 килограми од времето на Втората светска војна.

Училиштата и градинските се затворени, а неколку возила на брза помош се на местото поради евакуирање на жителите на старечки дом.

Деактивирањето на бомбата, која е пронајдена во близина на мостот Мулхајм на реката Рајна, се планира за денеска попладне.

Градските власти соопштија дека во меѓувреме е запрен сообраќајот на реката и во воздушниот простор.

Седумдесет години по Втората светска војна, во Германија релативно често се пронаоѓаат неексплодирани бомби, во повеќето случаи за време на градежни работи во големите градови.