Свет Европа Евакуирана џамија во Брисел поради сомнително писмо

Евакуирана џамија во Брисел поради сомнително писмо

Една џамија во Брисел е евакуирана откако е пронајдено писмо со бел прав, поради што се појави сомнеж дека се работи за антракс.

На местото на настанот се наоѓаат десетина противпожарни и полициски возила, а засега не е потврдено дали постои сериозна опасност од антракс.

И други џамии во регионот на главниот град на Белгија добиле закани, особено џамијата „Моленбик-Сент-Жан“, каде на почетокот на неделава до муслиманската заедница беа упатени смртни закани со потпис „Христијанска држава“.