Свет Балкан Евакуиран турскиот парламент поради закана за напад

Евакуиран турскиот парламент поради закана за напад

Евакуирана е зградата на турскиот парламент откако се прошири вест дека се подготвува напад на објектот, јавуваат локалните медиуми.

Парламентот е затворен, а главните порти за заклучени.

– Закани за напад на парламентот… Изворот е непознат, но вработените и парламентарците ја напуштија зградата – напиша на „Твитер“ Зија Пир од прокурдската Народна демократска партија.

Безбедноста во зградата на Парламентот е зголемена по петочниот обид за државен удар.

Сепак, турските медиуми јавуваат дека тревогата за напад била лажна, а полицијата во моментов го истражува инцидентот.