Свет Европа Евакуиран терминал на аеродромот во Копенхаген

Евакуиран терминал на аеродромот во Копенхаген

Данската полиција евакуирала еден од двата терминали на аеродромот „Каструп“ во Копенхаген, откако бил откриен багаж со сомнителна содржина, соопштија аеродромските официјални лица и полицијата.

– Терминалот три е евакуиран. Поставена е торба со сомнителна содржина. Полицијата спроведува истрага – изјави портпаролката на аеродромот, Сисе Хансен за АФП.

Полицијата на „Твитер“ потврдила дека имаат сомнителна ситуација на аеродромот „Каструп“, каде еден терминал бил евакуиран.

По евакуацијата која траела еден час, на крајот било утврдено дека се работи за лажна тревога.

Инцидентот се случил само два часа откако данската полиција го зголемила степенот на безбедносниот ризик во земјата, повикувајќи се на зголемено ниво на закани од терористички напад по минатонеделните напади во Париз.