Свет Европа Евакуиран аеродромот во Берлин поради сомнителен багаж

Евакуиран аеродромот во Берлин поради сомнителен багаж

На берлинскиот аеродром „Тегел“ евакуирани биле патниците, а полицијата морала да интервенира поради сомнителен багаж.

Портпаролот на германската полиција потоа изјави дека сомнителниот багаж, кој е пронајден на аеродромот, е безопасен.

Германската полиција претходно соопшти дека истражува сомнителен багаж на аеродромот. Летовите од и кон аеродромот „Тегел“ накратко беа прекинати, откако полицијата го евакуирала терминалот Б за да го истражи сомнителниот багаж.

Околу 20 минути подоцна, операторот и федералната полиција објавиле дека летовите можат да продолжат.