Свет Европа ЕУ загрижена поради можната хуманитарна криза на балканската рута

ЕУ загрижена поради можната хуманитарна криза на балканската рута

ЕУ подготвува планови за да може да се соочи со можната хуманитарна криза на балканската миграциска рута поради воведените рестрикции.

Во заедничката изјава, еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, и холандскиот министер за миграција, Клас Дијкхоф, изразиле загриженост поради состојбите на Балканот.

Македонија забрани влез на мигранти од Авганистан, откако Австрија воведе нови контроли.

Официјална Атина изрази незадоволство поради рестрикциите кои оставија илјадници бегалци и мигранти на територијата на Грција.

Последните податоци говорат дека сè поголем број бегалци и мигранти по морски пат стигнале во Грција и во Италија.
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека од почетокот на годинава во ЕУ дошле повеќе од 100.000 лица.