Свет Свет ЕУ веројатно пак ќе ги продолжи санкциите кон Русија, рече Туск

ЕУ веројатно пак ќе ги продолжи санкциите кон Русија, рече Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, синоќа соопшти дека санкциите на Европската Унија кон Русија веројатно ќе бидат продолжени за уште шест месеци.

– Се укажува на тоа дека санкциите против Русија ќе бидат продолжени барем уште еднаш – рече Туск во интервју за полскиот канал ТВН24.

На прашањето дали во ЕУ постои единствен став во однос на Русија, Туск рече дека повеќето земји имаат „цврст антируски став“, но оти сепак тој став не го делат сите членки на Унијата.