Свет Европа ЕУ се закани со мерки против Унгарија

ЕУ се закани со мерки против Унгарија

Европската унија се закани со мерки против Унгарија поради законот со кој се лимитира приливот на бегалци преку нејзината територија.

Унгарија на 21 септември воведе закони со кои илегалното преминување на нејзината граница или оштетувањето на оградата од бодликава жица, која ја подигна на границата како мерка против бегалците, претставува кривично дело.

Шефот на одделот за миграција и заштита на Европската комисија, Лорен Мишел, денеска пред европратениците рече дека постојат голем број прашање кои се проблематични во новиот унгарски закон. Тој рече дека ЕУ се подготвува да преземе понатамошни чекори ако биде потребно.