Свет Европа ЕУ размислува за воена операција против шверцери на луѓе

ЕУ размислува за воена операција против шверцери на луѓе

Лидерите на земјите-членки на Европска унија денеска во Брисел ќе разговараат за покревање воена операција против шверцерите на мигранти во Либија, кои се сметаат за одговорни за смртта на повеќе стотина мигранти годинава во Средоземно Море.

Во нацрт-документот се предвидува „обврзување на европските лидери за преземање системска акција за идентификување, лоцирање и за уништување на бродовите пред пловилата да се искористат за трговија со луѓе“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, повика веднаш да се почне со подготовка за можна безбедносна операција и одбранбена политика, во согласност со меѓународното право.

Во неделата во Средоземно Море потона брод со мигранти од Либија, при што загинаа околу 900 лица кои се обиделе да стигнат до Европа.