Свет Балкан ЕУ подготвува вонреден план за балканскиот коридор

ЕУ подготвува вонреден план за балканскиот коридор

Европската Унија моментално работи на подготовка за вонредни планови за Грција и за другите земји од балканскиот коридор за да се избегне хуманитарна криза како последица од бегалскиот бран од Сирија, Ирак, Авганистан и од другите земји, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева.

Таа рече дека претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, за време на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, ја побарал изработката на вонредниот план за проблемот со бегалците во Грција.

– ЕК внимателно ја следи ситуацијата и подготвува вонредни планови за помош на Грција и на другите земји од т.н. балкански коридор, проучувајќи ги моментните и идните потреби поврзани со прием на бегалците, финансирањето, како и со материјална помош – истакна Андреева.