Македонија ЕУ: Ќе веруваме, кога ќе го видиме договорот!

ЕУ: Ќе веруваме, кога ќе го видиме договорот!

Мисијата на Европската унија на Македонија засега се воздржува од коментирање на вчерашниот договор, бидејќи сè уште го немаат добиено.

„Ќе веруваме, кога ќе го видиме“, соопштија кратко од делегацијата на ЕУ.

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија. Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на прашањето дали ќе ја посети Македонија по вчерашното постигнување на договорот, кратко одговорија „не“.

Хан е во посета на Приштина по повод потпишувањето на спогодбата за стабилизација и за асоцијација на Косово со ЕУ.