Свет Европа ЕУ ќе расправа за контрола на внатрешните граници на шенгенската зона

ЕУ ќе расправа за контрола на внатрешните граници на шенгенската зона

Европската унија денеска би требало да ја разгледа можноста за продолжување на контролата на внатрешните граници на шенгенскиот простор за две години, поради хаосот што настанал на надворешните граници на Унијата.

Прашањето ќе биде разгледано на состанокот на министрите за правда и за внатрешни работи на Европската унија, кој ќе биде посветен на прашања за контрола на надворешните граници на Унијата поради бранот бегалци.

Неколку земји од шенгенската зона, како што е Германија, поради бегалците воведоа контрола на своите граници. Оваа можност е предвидена со одредбите од Договорот од Шенген, но не би требало да трае подолго од шест месеци.