Свет Балкан ЕУ ја усвои Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Косово

ЕУ ја усвои Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Косово

Европскиот совет денеска ја усвои Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Косово и Европската унија.

„Усвојувањето на ССА претставува отворање пат за потпишување на оваа спогодба на 27 октомври во Стразбург“, се наведува во соопштението на министерството за европски интеграции на Косово.

Спогодбата предвидува воспоставување договорени односи меѓу Косово и ЕУ и е прв официјален чекор кон членство на Косово во Унијата.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, ја поздрави одлуката на членките на ЕУ, додавајќи дека пред официјална Приштина е долг, но јасен и неповратен пат.

Министерот за интеграции, Беким Чолаку, рече дека ова е „историски момент за Косово“.