Македонија ЕУ ја отстрани Северна Македонија од листата на безбедни држави од ковид-19

ЕУ ја отстрани Северна Македонија од листата на безбедни држави од ковид-19

Фото: Архива на „Мета“

Европскиот Совет ја отстрани Северна Македонија од листата на безбедни земји. Ваквата одлука значи дека патниците од земјава ќе подлежат на построги гранични контроли при патување во земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), како и можно воведување на задолжителни тестови на ковид-19 при влез во овие земји и карантини за патници од земјава.

Таканаречената „бела листа“ подразбираше држави, од каде туристите можат слободно да влегуваат во Унијата без ограничувања.

Листата се ажурира во зависност од епидемиолошката состојба во секоја земја. Според правилата, за вметнување на „белата листа“ државите е потребно да имаат помалку од 75 нови случаи на Ковид-19 дневно на 100.000 граѓани во претходните 14 дена.

Наспроти ова, во земјава бројот на активни случаи заклучно со вчерашниот ден се искачи на 14.077, а во изминативе денови новозаболените се далеку побројни од бројот на излечени пациенти од ковид-19 на дневно ниво.