Свет ЕУ ги прошири санкциите кон Сирија

ЕУ ги прошири санкциите кон Сирија

Европската Унија денеска ги прошири санкциите кон Сирија, воведувајќи забрани за патување и замрзнување на банкарските сметки на 17 претставници на владата, како и на директорот на сириската Централна банка.

„Одлуката се воведува за вкупно 234 физички лица на кои им е забрането патување и чии банкарски сметки се замрзнати поради репресии врз цивилното население во Сирија“, стои во соопштението на ЕУ.

Покрај функционерите, со одлуката на ЕУ за замрзнување на банкарските сметки се опфатени и 69 правни лица.