Свет Европа ЕУ формира комитет за контрола на даночните спогодби

ЕУ формира комитет за контрола на даночните спогодби

Европска Унија основа специјален комитет задолжен за контрола на даночните прописи во земјите-членки, по тврдењата дека Луксембург склучувал договори за избегнување плаќање даноци со мултинационалните компании.

За формирање на комитетот, денеска гласаа 312 пратеници во Европскиот парламент, 19 беа против, а 23 беа воздржани.

Новоформираниот комитет ќе ги испита низата протечени документи поврзани со даночните спогодби на Луксембург, како и другите случаи на избегнување или затајување данок во Европа, кон кои прибегнувале компаниите од светот.

ЕУ вети дека ќе се справи со даночните договори кои одат во полза на големите компании.