Свет Европа ЕУ до Унгарија: Насилството и оградата не се решение

ЕУ до Унгарија: Насилството и оградата не се решение

Европскиот комесар за внатрешни работи и за миграција, Димитрис Аврамопулос, во Будимпешта изјави дека оградата и насилството не се решение за мигрантската криза.

Тој ги повика унгарските власти да им се придружат на заедничите европски напори за да се реши кризата.

– Оградата е привремено решение и со тоа се доведува само до пренасочување на приливот на беглаци и дозголемување на тензијата. Ниту насилството не е решение – рече комесарот Аврамополус.

Тој ги предупреди унгарските власти дека нивна морална должност е да ги заштити тие луѓе и дека на тоа ги обврзуваат европските и меѓународните принципи.

– Апелирам до вас да работите заедно со нас, Европската унија, да пронајдеме заедничко и трајно решение – рече Аврамопулос.