Свет Европа ЕУ бара вонреден самит со Турција

ЕУ бара вонреден самит со Турција

Европската унија утринава побара вонреден самит со Турција на почетокот на март, за да се координираат напорите за да се запре бранот бегалци, кој преку Егејско Море пристига во Грција.

„Заедничкиот акционен план на ЕУ и на Турција останува приоритет и мораме да направиме сè што можеме за да успееме“, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Конкретен датум за одржување на самитот нема, затоа што со Турција сè уште не е разговарано за состанок, но веројатно ќе биде свикан за првата недела од март.

ЕУ ѝ вети на Турција милијарди евра, ублажување на визниот режим и забрзување на евроинтеграциите во замена за помош во граничната контрола и во сузбивањето на приливот на мигрантите.

Повеќе од два милиони бегалци се наоѓаат во Турција, а повеќето се од Сирија.