Свет Ерусалим: Старосна граница за влез на светите места

Ерусалим: Старосна граница за влез на светите места

Изарелската полиција забрани пристап на млади муслимани на светите места во Ерусалим, неколку дена по постојаните инциденти.

Портпаролката на полицијата, Луба Самри, изјави дека на мажи помлади од 45 години строго им е забранет пристап во комплексот Ал Акса и додаде дека старосната граница е привремено поставена за одржување на мирот, бидејќи во немирите најчесто учествуваат младите Палестинци.

Немирите почнаа пред три недели, кога Палестинци, повеќепати се забарикадираа во комплексот Ал Акса и фрлаа камења и молотови коктели на припадниците на полицијата.