Свет Еруптираше вулкан во Чиле

Еруптираше вулкан во Чиле

Вулканот Калбуко во јужниот дел на Чиле еруптираше првпат во последните 40 години, исфрлувајќи неколку километри во воздух пепел и чад, јавуваат локалните медиуми.

Чилеанскиот центар за итни ситуации прогласи црвена тревога по ерупцијата на вулканот околу 1.000 километри јужно од главниот град Сантијаго. Вулканот е во близина на туристичкото одморалиште Пуерта Вараса и евакуирани се околу 1.500 лица.

Чиле, која се наоѓа на пацифичкиот огнен прстен, го има вториот најголем синџир вулкани по Индонезија, вклучувајќи и околу 500 кои се потенцијално активни.