Свет Еруптира вулканот Шинмоедаке во Јапонија, наредена евакуација на населението

Еруптира вулканот Шинмоедаке во Јапонија, наредена евакуација на населението

Вулканот Шинмоедаке во јужниот дел на Јапонија еруптираше првпат во последните шест години, исфрлајќи облаци пепел во висина од неколку стотина метри, јавуваат светските агенции.

Јапонските власти веднаш издале предупредување и го повикале населението во близина на вулканот на евакуација.

Вулканската пепел достигнала висина од 300 метри кога почнала ерупцијата, која најверојатно ќе продолжи и ќе стане поинтензивна, навеле од јапонската метеоролошка агенција.

Пепелта била распослана во круг од повеќе од два километри околу кратерот на вулканот. Нивото на предупредување е подигнато на трет степен, што значи забрана за приближување до вулканот.

Јапонија лежи на познатиот Пацифички огнен појас и има неколку активни вулакни кои неретко предизвикуваат и земјотреси. Во септември 2014 година вулканот Онтаке по 90 години ненадејно еруптиташе, при што загинаа 63 лица.