Македонија Error 1200: Што се случува кога „градоначалникот“ на општината ќе „го изгуби“...

Error 1200: Што се случува кога „градоначалникот“ на општината ќе „го изгуби“ велосипедот? (видео)

Младите од „Че Тим ТВ“ направија продолжение на видеата со приказната за замислениот „градоначалник“ на Општина Тетово.

Откако собра храброст да вози велосипед низ улиците на овој град каде што недостасуваат велосипедски патеки, „градоначалникот“ доживува несреќа. За бавната реакција на Итната помош, однесувањето на лекарите и другите актуелности погледнете го видеото.

(за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото)

Преку сарказам младите од „Че Тим ТВ“ ги третираат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, особено младите луѓе.