Свет Балкан Ердоган: Турција ќе се одмазди за нападот

Ердоган: Турција ќе се одмазди за нападот

Турција најави одмазда против одговорните за силната експлозија на автомобил-бомба што ја погоди Анкара и во која загинаа 28 лица, а ранети се 61 лице.

– Турција нема да се воздржува да го искористи своето право на самоодбрана во кој било момент, место или пригода – рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека Турција е решена да одговори на овој напад, било во Турција или во странство, чија цел е да го наруши единството и иднината на земјата.

Претставниците велат дека возило полно со експлозив експлодирало во моментот додека минувале воени автобуси.

Ниту една група не ја презела одговорноста за нападот што се случи во близина на зградата на парламентот и на штабот на војската.

Во одвоен инцидент, доцна синоќа, силна експлозија го оштети турскиот културен центар во близина на шведскиот главен град Стокхолм, но никој не е повреден, соопштија шведските власти.

Не е јасно дали оваа експлозија е поврзана со нападот во Анкара.