Свет Ердоган: САД вршат безобѕирен притисок врз Анкара

Ердоган: САД вршат безобѕирен притисок врз Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД се безобѕирни во притисокот над Анкара да помогне во одбраната на сирискиот град Кобане.

Вашингтон врши притисок врз Анкара за користење на воената база Инџирлик во регионот Адана, во Јужна Турција, за американските авиони во воздухопловните напади на екстремистите на Исламска држава.

– Сакам да знаете дека сум против безобразлукот, безобѕирноста и бескрајните барања на Вашингтон – рече Ергоган.

Односите меѓу САД и Турција се влошени во последните неколку месеци поради неподготвеноста на турските претставници за Турција воено да се вклучи во меѓународната коалиција против џихадистите во Ирак и во Сирија.