Свет Европа Ердоган: Ние не враќаме бегалци, Европа го прави тоа

Ердоган: Ние не враќаме бегалци, Европа го прави тоа

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја критикуваше Европска Унија поради враќањето на бегалците, откако првата група бегалци беше вратена од Грција, како резултат на договорот на ЕУ и на Турција.

Ердоган ја обвини Европа за подигнување жичени огради и затоа што не им дозволи на бегалците да влезат во европските земји.

– Дали ние вративме Сиријци? Не, не сме вратиле ниту еден, но Европа го направи тоа – рече Ердоган.

Тој изјави дека Турција спасила 100.000 мигранти од Егејско Море и потрошила повеќе од 10 милијарди евра на сириските бегалци.

Грција денеска почна да ги враќа мигрантите во Турција по договорот за решавање на мигрантската криза. Првата група од 202 бегалци пристигна на турското пристаниште Дикили.