Свет Ердоган: И бегалци да гласаат на претседателски избори во Сирија

Ердоган: И бегалци да гласаат на претседателски избори во Сирија

Сириските бегалци мора да гласаат на идните претседателски избори во Сирија, оцени турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека за иднината на државата треба да одлучуваат и тие што останеле во земјата и тие што биле принудени да побегнат.

– Ние сакаме сите Сиријци, во и надвор од државата, да го дадат својот глас – рече турскиот претседател.

Ердоган истакна дека на преговорите во Виена за иднината на Сирија е постигнат договор за сегашниот сириски претседател Башар ал-Асад да не учествува во изборите.