Свет Епидемијата на ебола ќе заврши оваа година

Епидемијата на ебола ќе заврши оваа година

Најлошата досега епидемија на ебола би можела да заврши оваа година, изјави шефот на мисијата на ОН за борба против оваа болест, Ентони Бенбери, кој заминува од оваа функција.

Бенбери, во последното обраќање до јавноста, нагласи дека кризата е далеку од крајот, но истовремено изрази оптимизам и верување дека е можно да се оствари целта да нема нови случаи на зараза со смртоносниот вирус.