Свет Епидемија на колера во Ирак

Епидемија на колера во Ирак

Минатиот месец во Ирак се потврдени 1.600 случаи на заболување од колера, додека хуманитарната ситуација во земјата се влошува и на повеќе од 8,6 милиони лица им е потребна помош, соопштија Обединетите нации.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања наведува дека главна причини за епидемијата на колера се расипаните водоводни системи и недоволното количество хлор за прочистување на водата.

Последната епидемија на колера во Ирак била во 2012 година.