Свет Европа ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

Спогодбата преда да стапи на сила треба да ја ратификуваат парламените на сите земји членки на ЕУ

Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европска Унија, пренесува „Радио Слободна Европа“.

За sпогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни годинава, гласаа 535 пратеници, а 94 беа против.

Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да биде ратификувана од парламентите на сите 28 членки на ЕУ.

Русија е против ваквите договори помеѓу ЕУ и поранешните советски републики, но ЕУ и молдавските власти велат дека на нивното партнерство не треба да се гледа како на провокација за Русија.

Претседателот на молдавскиот парламент, Игор Корман, рекол дека овој договор не е против никого, туку дека е договор во корист на граѓаните на Молдавија.